Барселона во последен обид: Каталонците ќе се обидат да ангажираат млада ѕвезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За суперталентираниот Френки Де Јонг се заинтересирани многу клубови, меѓу кои се ПСЖ, Манчестер сити и Барселона.

ПСЖ се лидери во таа битка, зашто може да му обезбедат поголема минутажа, но и повеќе пари, но очигледно Холанѓанецот не сака да се пресели во Париз.

Барселона нема такви можности како ПСЖ, но сепак би сакале да го ангажираат Де Јонг, кој ќе се бори за сите титули.

Каталонците јасно кажаа дека нема да понудат премногу пари на неговиот клуб за да го израмнат договорот, па Де Јонг ќе мора да бира според неговиот мотив.