Барселона смисли начин – Играч за врска и доплата за најголемата желба од ПЛ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона го подготвува теренот за летниот преоден рок.

Според медиумите, Барселона одлучи да го донесе Белерин, а затоа што нема доволно пари, смисли нов начин.

Арсенал бара 40 милиони евра за него, а Барселона не може да си дозволи повеќе од 25, па понудата ќе изгледа вака – Туран + 15 милиони евра за враќање на Шпанецот во Барселона.

Во прв момент делува дека Арсенал би можел ова да го одбие, но доколку остане и без Санчез и Озил, Туран ќе им биде потребен.

Исто така, се верува дека Белерин би бил уште поблиску до заминување ако замине Венгер, затоа што е познато дека тој го „откри“ како тинејџер во академијата на Барселона.

Да потсетиме, Белерин не е единствена желба на Барселона, затоа што се споменуваат Кутињо, Верати, Дибала и Кансело.