Бекер уште еднаш го коментираше Ѓоковиќ по нивниот прекин на соработката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите светски тенисери во моментов, Новак Ѓоковиќ полека но сигурно ја враќа својата стара форма.

Србинот го освои Вимблдон, а пред нешто помалку од еден месец го освои и Мастерсот во Синсинати со што стана првиот тенисер кој ги освоил сите мастерс титули и се закити со трофејот Златен Мастерс.

Уште еднаш коментар за играта на Ѓоковиќ, но и за неговиот менталитет даде поранешниот тренер на Србинот, легендарниот Борис Бекер.

„Ако еднаш сте биле шампион, секогаш ќе бидете. Новак има шампионски менталитет. Мора да играте многу натпревари за да се вратите на вистинскиот пат. Среќен сум што повторно е со стариот тим и мислам дека тие му даваат самодоверба. Но, Новак е шампион и за мене неговото враќање во врвот беше само прашање на време.  Штом одвојувате многу часови за тренинрање и штом одиграте многу натпревари, тогаш сигурно ќе се вратите. Новак се врати“ –кометнираше Бекер.