Белгија го декласираше Тунис за осминафинале на СП во Русија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгија ја оправда фаворитската улога против Тунис, откако го совлада со 5-1 и благодарение на победата си обезбеди осминафинале на Мундијалот.

 

 

Еден Азар го отвори резултатот во шестата минута, а Ромелу Лукаку зголеми на 2-0. Сепак во наредната акција Тунис со голот на Брон намали на 2-1.

Во продолжение на натпреварот, Тунис имаше големи проблеми со повреди, а Белгија продолжи со нападите, па во финишот на првите 45 минути, Лукаку го зголеми резултатот на 3-1.

 

Само шест минути игра во второто полувреме донесе ново возбудување, а Азар погоди за 4-1. Во самиот финиш на натпревар Миши Батшуаи зголеми на 5-1, но две минути подоцна Тунис ги постави конечните 5-2.

 

 

Во моментов Белгија има шест бода на првата позиција, Англија има три и натпревар помалку, а Панама и Тунис се без бодови.