Бенатиа се огласи: Јувентус го напуштив поради Бонучи, Ве молам почитувајте ја мојата одлука!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бенатиа потпиша за Ал-Духаил, а не е тајна дека Јувентус го напушти поради незадоволство од минутажата што и самиот истакна.

Мароканецот изминатата сезона имаше пристојна минутажа, но оваа падна во втор план најмногу поради враќањето на Леонардо Бонучи од Милан, кој веднаш скокна во прва постава.

Бенатиа на Инстаграм сподели со фановите проштална порака во која призна дека на заминување од Јувентус го натерале некои изненадувачки работи, за што речиси е сигурно дека мислеше на враќањето на Бонучи на кого не сметаше.

„По два напорни дена, сакам да ја искористам оваа прилика да се простам своето големо семејство во Јувентус, играчите, навивачите, управата..Од сите. Овде оставам многу пријатели кои наскоро се надевам повторно ќе ги видам. Две и пол години бевте важен дел од мојот живот“, започна Бенатиа и продолжи:

„На крајот од изминатата сезона бев сигурен дека овде ќе се пензионирам, но за жал, животот некогаш ви подготвува изненадувања, па морав да ги променам своите планови. Разбирам дека некој не сака да го прифати мојот избор, но ве замолувам вас само да го почитувате“.

Мехди Бенатиа пред пристигнувањето во Јувентус играше за Марсеј, Лјорент, Клермонт, Удинезе, Рома и Баерн, а италијанскиот шампион на неговата продажба ќе заработи десет милиони евра.