„Би останал засекогаш во Интер!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Интер, Мауро Икарди најави дека би останал во овој клуб.

Тој оваа сезона помина низ турбулентен период. Имаше моменти кога блескаше и кога имаше инцидент со навивачите, кои му се закануваат со смрт.

Сепак, и покрај се, тој би останал во Интер до крајот на кариерата.

„Често ме прашуваат дали сакам да заминам, па сега ќе завршам со таа приказна. Сакам да останам тука засекогаш. Капитен сум на голем тим. Среќен сум во Милано, како и моето семејство. Сакам долго да останам член на Интер.“

Тој верува дека може уште да напредува во овој клуб.

„Секогаш може да се напредува. Јас имам 24 години и навистина сакам да му помогнам на тимот да се врати на старите патеки на слава.“

Оваа сезона тој постигна 22 голови во 34 настапи за тимот од Милано.