„Божиќното лудило“ останува без Варди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клаудио Раниери нема да може да смета на својот најдобар играч на наредните 3 натпревари.

Поради црвен катон против Стоук во 17-то коло во ПЛ, Џејми Варди доби суспензија од 3 натпревари.

Тоа значи дека нема да биде во тимот на последните 2 натпревари во оваа година, против Евертон и Вест Хем.

Исто така, Раниери нема да може да смета на него и на првиот натпревар во 2017-та година, која актуелниот шампион ја игра против Миделсброу.

Лестер поднесе жалба до ФС на Англија на казната, но таа беше одбиена.