Бомба – Ако стигне Алегри, првото засилување ќе биде Србин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека тоа ќе биде неговото прво барање во новиот клуб.

И понатаму се чека расплетот за Венгер. Работите се јасни, барем кога станува збор за ултиматумот на Арсен.

Ќе видиме што ќе одлучи Венгер, засега нема никаков знак дека нешто одлучил, а на друго место Алегри наводно им кажал на пријателите дека нашол засилување за Арсенал за наредната сезона.

Медиумите тврдат дека тој играч е Србин, односно станува збор за Сергеј Милинковиќ Савиќ кого сегашниот тренер на Јувентус го гледа како идеално засилување за средниот ред на Арсенал.

Младиот играч на Србија има одлична сезона, цената му расте, а ќе му биде понуден и нов договор.

Но тоа не значи ништо, ако Арсенал понуди голема сума, Лотито нема да пропушти да ја наполни касата и да заработи 3-4 пати повеќе пари на играч кој го донесе пред две години.

22-годишниот играч не се брза, иако неговиот агент Кежман кажа дека е задоволен во Лацио.