Бомба на Дејли Мејл: Марсијал ги напуштил подготовките во САД


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува британскиот „Дејли Мејл“, Ентони Марсијал ги напуштил подготовките на Манчестер Јунајтед во САД.

22 годишниот Французин побарал од Жозе Мурињо да си замине од САД со цел да биде дел од породувањето на неговата девојка, 25 годишната Мелани Да Круз.

Жозе Мурињо кој е познат по тоа што е фамилијарен човек не му направил никаков проблем на Марсијал кој очекува син. Ова ќе биде второ дете за 22 годишниот фудбалер откако претходно ја има двегодишната Пејтон од претходниот брак со преубавата Саманта Жаклинет.

Овој потег на Мурињо можеби ќе го натера Марсијал да го смени мислењето и да остане во Манчестер Јунајтед, но може да значи и дека би можел да договори трансфер додека е далеку од останатиот дел од тимот.

MADAME OBÉLIX ? #paris??

A post shared by Mélanie Da Cruz Pires (@melaniedacruzzoff) on