„Ботас може да ја освои титулата!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион, Мика Хакинен смета дека неговиот сонародник Валтери Ботас може да ја освои титулата во Ф1.

Ботас дојде во Мерцедес на местото на Розберг, кој се повлече по неколку денови откако ја освои титулата.

„За Валтери како возач, ситуацијата не може да биде подобра. Во најдобрите години тој премина во најдобриот тим. Сега се зависи од него! Како се развива како возач, како личност, сигурен сум дека може да стигне и до титулата.“

Покрај Ботас во Мерцедес е Луис Хамилтон кој минатата година до самиот крај се бореше за титулата.“