„Буфон ја заслужува Златната топка ако ја освои ЛШ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Пирло смета дека Буфон ја заслужува „Златната топка“ ако Јувентус го победи Реал во финалето на ЛШ.

Буфон се обидува да го освои првиот трофеј во ЛШ во кариерата, а досега 2 пати играше финале и 2 пати беше поразен.

„Време е да ја добие Златната топка. Мислам дека ова е таа година. Многу сум среќен поради него и поради фактот дека дојде во позиција да направи нешто кое многу го посакуваше. Би бил воодушевен ако ја освои ЛШ. Тој докажа дека е еден од најголемите.“

Финалето се игра во сабота во Кардиф.