Бушар ја елиминираше Шарапова – Ова е победа за сите нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евгенија Бушар се пласираше во 1/8-финале на ВТА турнирот во Мадрид откако ја победи Шарапова со 2:1 во сетови.

Во одличен натпревар кој траеше скоро 3 часови победи 60-та тенисерка во светот.

Во првиот сет беше видена серија на брејкови во финишот на сетот од кој како победик излезе Бушар, а во вториот Шарапова врати со 6:2. Но во третиот сет до победа стигна Бушар со 6:4.

„Мотивирана бев сега затоа што никогаш претходно ја немав победено, а и поради случувањата. Всушност бев инспирирана затоа што голем број тенисерки ми приоѓаа приватно и ми посакаа среќа. Тоа ми покажа дека многумина го делат моето мислење, а тоа е дека Шарапова не треба да игра.“