Вака треба да изгледа спортот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата пред ГН на Кина и логично беше среќен што успеа да ги победи возачите на Ферари.

„Интересен викенд. Имаше многу предизвици. Ферари изгледаше многу брзо и на третиот тренинг и квалификациите. Во последната квалификациска сесија не стартував како во првата, но добро извозив. Многу сум среќен, мислам дека ова е неверојатно, да ги победиш овие момци. Ова е она што спортот треба да биде“, изјави Хамилтон.

Зад британецот ќе стартува Себастијан Фетел кој не е незадоволен.

„Многу сум задоволен. Во последната кривина малку порано кочев. Болидот е многу моќен, но можеме и понатаму да напредуваме. Следува трка во најверојатно подруги услови“, изјави Фетел.

Трет заврши колегата на Хамилтон, Валтери Ботас.

„Малку ми фалеше до второто место што е штета. Но повторно следува трка, добра позиција за старт. Луис беше моќен како и Ферари. Му заблагодарувам на тимот за добрата работа“, изјави Ботас.