Вардарци во големи проблеми пред гостувањето во Букурешт: Одиме на триумф на крајот од првата полусезона…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои млади играчи ќе добијат шанса да покажат што знаат. Очекуван да одиграме добар меч и даваме се од себе, за да славиме, истакна тренерот на актуелниот македонски шампион, Вардар, Роберто Парондо.

Триумфално да се заврши тековната и да се влезе во новата година е главната цел на ракометарите на Вардар.

Избраниците на Роберто Парондо ќе го одиграат последниот меч во првата полусезона во рамки на СЕХА лигата гостувајќи кај романска Стеауа. Македонскиот гигант моментално има 30 бодови, колку и Загреб, додека Стеауа е на шестата позиција со пет победи и шест порази. Вардар во првата овосезонска средба беше подобар од Стеауа со 27:21.

„Одиме на победа, како и секогаш, Имаме проблеми со повредите, нема да можеме да сметаме на Борозан, Мораеш, Дибиров, Шишкарев и Криштопанс. Поради тоа, некои млади играчи ќе добијат шанса да покажат што знаат. Очекувам да одиграме добар меч и да дадеме се од себе да славиме“, истакна тренерот на Вардар.

Слично размислува и Стојанче Стоилов, капитенот на црвено-црните.

„Се изморивме чекајќи ја зимската пауза, но мораме да пристапиме сериозно на денешниот меч и триумфално да ја завршиме полусезоната. Имаме некои проблеми, но се надевам дека ќе победиме и покрај се. Никогаш порано не сме играле во Букурешт, ќе биде ова ново искуство, но целта е иста – победа“, пососчи македонскиот репрезентативец.