Вајда повторно ќе му биде тренер на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ одлучи за главен тренер да го постави Маријан Вајда.

Словечкиот тренер го водеше тимот на Ѓоковиќ од 2006 до 2013 година, а по доаѓањето на Борис Бекер тој работеше од време на време со Ѓоковиќ.

Последните денови во јавноста се споменуваа неколку имиња, но Новак две и пол недели пред почетокот на новата сезона донесе конечна одлука и му даде доверба на човекот со кој освои 6 Грен Слема.

Покрај Вајда, во стручниот штаб ќе бидат Амановиќ, Фил-Гритш и Имаз.

Новак ќе игра на Австралијан Опен, кој се игра од 16-ти до 29-ти јануари.