ВИДЕО: Алиоски со уште една асистенција за Лидс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Езгјан Алиоски продолжува со одличните натпревари во дресот на Лидс Јунајтед.

По убавите настапи во претсезонските натпревари Алиоски продолжи одлично и во првото коло од Чемпионшип каде асистираше за Вуд во победата на Лидс над Болтон.

Денес во натпревар од  англискиот лига куп, од оваа сезона преименуван во Каробао Куп, Езгјан Алиоски уште еднаш запиша асистенција. Овој пат по одличен продор од десната страна прецизно го проигра Екубан кој успешно ја смести топката во голот на Порт Вејл.

Инаку Алиоски во игра влезе во 57. минута од натпреварот кога резултатот беше 1:1 и беше еден од најзаслужните што Лидс го надигра противникот постигнувајќи му уште три погодоци.