Видео: Фудбалер во Холандија се посрамоти за сите пари

Никој не може да верува како Денис ван Дуинен успеа да го утне голот од толку добра позиција.

Кога сите ја видоа топката во мрежата и се подготвуваа да ја прослават речиси извесната победа, се случи вистинско чудо. Денис ван Дуинен го промаши целиот гол и топката ја прати над пречката

За работата да биде уште полоша за него, тоа се случи при резултат од 2:0 за неговиот тим, а во продолжение примија три гола и загубија со 3:2.