Вината со прст вперена кон Клоп: Без овој човек во стручниот штаб си ништо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека јавноста во Србија со знаес ја коментира историската победа на Црвена Звезда над Ливерпул, во Англија, од друга страна се разочарани.

Пред две недели „Црвените“ во ЛШ рутински ја совладаа Црвена Звезда со 4:0, но во реваншот следеше она за што најмалку се надеаваа, односно неочекувана победа на црвено-белите поради која на удар на критика се најде Јирген Клоп.

Медиумите во Англија пишуваат дека играчите на Ливерпул во натпреварот влегле потценувачки, а Твитерашите се сетија и на Бувач, босанскиот тренер, кој беше доскорешен помошник на Клоп. Сметаат, помеѓу останатото, дека причината за нешто послаба и неефикасна игра на гостувањата оваа есен е тоа што стручниот штаб го нема токму овој човек.

„Од натпревар во натпревар е појасно дека Бубач е тој кој ја контролираше играта на пресинг и нападот“, гласи коментарот на еден навивач на Ливерпул, додека пак другите веќе бараат тој да се врати во стручниот штаб.

Бувач со Клоп соработуваше во изминатите 17 години, но потоа од непознати причини одлучи да се разиде со германскиот стратег и отвори ново поглавје. Во меѓувреме се доведе во врска со неколку други екипи..