Во последен момент го избра Минхен -Санчез објасни зошто не потпишал за Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ренато Санчез минатото лето ја напушти Бенфика и својата кариера ја продолжи во Баерн Минхен.

Санчез минатото лето беше стандарден во Португалија. Овој 19-годишен фудбалер беше на мета на Јунајтед и се веруваше дека ќе се пресели таму.

Санчез во последен момент одлучи да ја одбие нивната понуда и да ја продолжи кариерата во Баерн. Оваа вест ја разочара управата на Јунајтед.

Ренато Санчез не е стандарден во тимот на Анчелоти и многумина се прашуваат дали направил грешка кога го одбил Јунајтед.

„Одлучив да потпишам за Баерн затоа што сакав да играм со големи играчи како Видал, Алонсо и Алкантара.“