„Во ред е да се биде аутсајдер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер во светот и 4-кратен освојувач на Австралијан Опен, Роџер Федерер смета дека е аутсајдер на првиот Грен Слем оваа година.

Со оглед на тоа што е 17-ти играч во светот, тој ќе има потешка работа во Мелбурн, а во 1/8-на финалето би можел да игра со Кеи Нишикори.

Во неговиот ждреб се наоѓаат и Енди Мареј и Станислав Вавринка.

„Јасно е дека сум аутсајдер. Зошто да не бидам за промена? Секако, сакам да бидам фаворит, но во ред е да се биде и аутсајдер.“

„Ждребот е одличен бидејќи јас сум во него. Задоволен сум што сум тука и што имам шанса да победувам.“

Федерер натпреварувањето ќе го започне против Јирген Мелцер.