Во сензационален трансфер, Дембеле го напушта „Камп Ноу“ и се сели на Островот…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер, Осман Дембеле би можел во јануарскиот преоден рок да оствари уште еден голем трансфер.

Овој 21-годишен фудбалер има доста проблеми во Барселона и се укажува на тоа дека наскоро ќе го напушти „Камп Ноу“.

Според информациите на англиските медиуми, Ливерпул подготвил веќе понуда. Нудат 100 милиони евра, а менаџерот Јирген Клоп е убеден дека Дембеле би бил од голема помош на патот до европската титула.

„Црвените“ веќе располагаат со исклучителни напаѓачки опции. Тука се Мохамед Салах, Садио Мане, Роберто Фирмино и Даниел Стариџ, но секако пристигнувањето на Дембеле и тоа како ќе ја засили конкуренцијата.

Дембеле во последно време во чести судири е со раководството на Барселона. Неколку дена не се појавил на тренинзите и тоа го чинеше место во тимот за дуелот против Бетис.

Французинот оваа сезона во 15 одиграни дуели постигна шест погодоци и запиша две асистенции.