ВТА Бризбејн: Кербер се измачи за да стигне до ¼-финале


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата тенисерка во светот, Анџелика Кербер со големи маки се пласираше во 1/4-финале во Бризбејн.

Се очекуваше Кербер да има полесна работа против Барти, но Германката мораше да се потруди многу повеќе за да стигне до победа.

На теренот поминаа 106 минути, а на крајот победи со 2:1 во сетови, односно 6:3, 2:6 и 6:3.

Во ¼-финале ќе игра против Елина Свитолина.

Наградниот фонд изнесува 890.100 долари.

Резултати:

Жанг – Цибулкова 1:2
Кузњецова – Аиава 2:0
Дои – Винчи 0:2