ВТА Дубаи – Возњацки беше премногу лошa, Свитолина слави титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беше одиграно финалето на турнирот во Дубаи помеѓу Свитолина и Возњацки.

Возбудлив натпревар беше виден во финалето кој на крајот го доби Свитолина со 6:4 и 6:2.

Неизвесноста на натпреварот започна уште во првиот гејм од првиот сет. Премногу израмнетата игра продолжи до 5-от гејм од првиот сет, во кој успеа Свитолина да ја искористи првата брејк топка во натпреварот.

Во 7-от гејм од првиот сет, Свитолина повторно имаше брејк топка, но на крајот на успеа да ја искористи, па Возњацки намали на 4:3.

Играта продолжи понатаму, Свитолина беше сигурна на свој сервис и зголеми на 5:3, а потоа на сервисот на својата противничка имаше 2 брејк и сет топки, но не ги искористи.

Свитолина сервираше за победа, но катастрофален почеток имаше, па на почетокот и дозволи на својата противничка да има 3 брејк топки кои не ги искористи Возњацки, па Свитолина поради тоа го освои првиот сет со 6:4.

Вториот сет беше уште повозбудлив и видовме неколку брејкови.

На почетокот на сетот, Возњацки го изгуби својот сервис и Свитолина го превзема водството со 1:0, но во наредниот гејм Возњацки враќа експресно и израмнува на 1:1.

Потоа тенисерките беа сигурни на свој сервис се до 5-от гејм во кој Возњацки повторно лошо одигра и го изгуби сервисот.

Големо возбудување беше видено во 7-от гејм кога Свитолина успеа да ја искористи дури 3-та брејк топка и да зголеми на 5:2 во гејмови.

Во последниот гејм од натпреварот Возњацки го направи последниот обид да се врати во игра, но за жал не успеа и Свитолина го освои турнирот со 6:2.