Вудс е 7-ма најбогата позната личност во САД


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите голфери во светот, Тајгер Вудс повторно се најде во самиот врв, но овој пат поради своето богатство.

Познатиот голф играч според листата на најбогати Американци, која ја објавува Форбс, го завзема 7-то место, со „вредност “ од 740 милиони долари.

Вудс, исто така, со 40 години е најмлада личност на листата од 20 имиња.

Фил Микелсон, уште еден голфер, е на 18-то место со 375 милиони долари додека најдобар меѓу спортистите е Мајкл Џордан, иако тој одамна е во пензија.

Неговата вредност оваа година се проценува на 1.2 милијарди долари, а тоа е доволно за 4-то место на листата.

Прво место, со 4.6 милијарди долари, е легендарниот Џорџ Лукас, креаторот на „Ѕвездени војни“ и „Индијана Џонс“

Треба да се спомене дека Форбс при изборот како критериум ги зема само американските државјани кои се богати поради својата слава, а не обратно. Затоа на листата не е Доналд Трамп, за кој е проценето дека е славен поради богатството.