„Газета дело Спорт“: Мончи носи уште едно страшно засилување во Рома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако реализираше неколку одлични трансфери како што се тие на Џастин Клајверт, Робин Ослен или Хавиер Пасторе, сега редот дојде и за Стивен Н`зонзи.

Станува збор за играч кој уште е член на Севилја, но „Газета дело Спорт“ пишува дека Мончи се договори со него за трансфер.

Тие пишуваат дека Стивен ќе добие четиригодишен договор со 3,5 милиони евра годишна плата, но засега не е познато дали екипите се договориле меѓусебе.

Исто така, не е познато колку пари сака Севилја за својот играч, но се претпоставува дека тоа ќе биде сума од 40 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула.