Гарсија враќа свој поранешен фудбалер: Марсеј заинтересирана за играч на Арсенал!

Играчот кој беше важен дел од тимот на Лил додека ги водеше Гарсија, би можел оваа зима да стигне во Марсеј.

Медиумите пишуваат дека за услугите на Матју Дебуши е заинтересиран Олимпик Марсеј.

Контакт веќе постои и десниот бек кој нема одиграно ниту минута за Арсенал оваа сезона би можел да се врати во Франција. Тој е во лоши односи со Венгер и се очекува да го напушти тимот.

Дебуши минатата сезона играше на позајмица во Бордо, а пред Арсенал тој играше за Њукасл и Лил.

Овој 31-годишен фудбалер одигра и 31 натпревар за Франција.