Гвардиола, пак, ги разочара Каталонците: Сити договори млада ѕвезда од 61 милиони фунти!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, најде замена на долг план за Фернандињо, а ќе ја донесе од Ајакс и ќе потроши околу 61 милиони фунти.

„Граѓаните“ ќе го ангажираат Френки Де Јонг, кој би требало да го замени 34-годишниот Фернандињо, а уште претходно покажаа голем интерес за младиот фудбалер.

Барселона, исто така, го следеше со месеци младиот репрезентативец на Холандија, но наводно фудбалерот на Ајакс веднаш донел одлука да прифати повик од Гвардиола.

Де Јонг смета дека настапувањето во Премиерлигата и во системот на Гвардиола ќе му помогне да напредува многу повеќе во иднина.

Холанѓанецот настапуваше и за младите категории на Ајакс, а потоа потпиша со нив и професионален договор, а во 10 натпревари во лигата сезонава постигна два гола.