Германски репрезентативец си заминува од Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според британските медиуми фудбалерот од средината на теренот најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Емре Чан на Енфилд стигна од Баер Леверкузен кога тренер беше Брендан Роџерс.

Во почетокот се навикнуваше на промените на средината и англискиот фудбал, а кога стигна Јирген Клоп почна сериозно да смета на него.

Најверојатно не ги исполнува очекувањата и поради тоа раководството на Ливерпул не сака да му ја зголеми платата.

Му беше понуден неколку пати продолжување на договорот, но Ливерпул не планира драстично да отстапи од неговиот 35 илјади фунти на неделно ниво.

На германскиот репрезентативец и на неговиот агент тоа не му се допаѓа. Клоп сака да го задржи, но според последните информации малку веројатно дека Чан ќе остане на Енфилд следната сезона.

Заинтересирани има, Ливерпул го купи за 10 милиони фунти, нема сомневање дека тие пари ќе ги врати.

Порано се споменуваше Јувентус, а постои огромен интерес од  клубовите од Бундеслигата.