Гобер остана без повик на Олстар, но и без – милион долари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-лигата денеска ги објави резервите за настапот на Олстар-мечот, а најголема неправда е направена кон Лука Дончиќ, кој тренерите не го избраа, иако според гласовите на навивачите тоа го заслужи.

Меѓу нив е тренерот на тимот од Салт Лејк сити, Квин Снајдер, кој е разочаран што Руди Гобер нема да патува во Шарлот.

„Руди требаше да биде на Олстар. Тој е еден од највлијателните кошаркари во лигата. Не е ова субјективно, туку се забележува дека бирањето на кошаркари за Олстар има проблеми. Одбраната се цени во лигата, а кога треба да се награди тоа, тие не го прават тоа“, вели тренерот.

Бонус од еден милион долари нема да добие Гобер, кој не се најде меѓу патниците за Олстарот.