Големо враќање на Робин Ван Перси!

Екипата на Фејенорд го освои трофејот во Холандија по 18 години.

Тимот од Ротердам воден од Кајт успеа конечно да дојде до титулата покрај Ајакс и ПСВ, но во наредната сезона ќе влезат без Кајт, кој одлучи да се пензионира.

Негова замена би можел да биде Робин Ван Перси, актуелниот играч на Фенербахче.

Тој најави заминување од Турција, а потврди дека во својата земја може да игра само за 2 тимови, Фејенорд и Екселсиор.

„Враќањето во Холандија е сериозна опција. Сепак, само 2 тимови се во игра.“

Овој 33-годишен играч ја започна кариерата во Екселсиор, а потоа на 16 години премина во Фејенорд додека во кариерата има играно и за Арсенал и Јунајтед.