Големо засилување за Барселона – Наваро се враќа на терените!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наваро би требало наскоро да се врати во игра.

Популарниот играч го одработи првиот тренинг по операцијата на слепото црево, кое го имаше на 15-ти февруари и поради тоа го пропушти завршниот турнир во кралскиот куп, но и натпреварот од 23-то коло во Евролигата.

И понатаму не е познат датумот на неговото враќање, но во клубот се надеваат дека тој наскоро ќе се врати.

36-годишниот играч оваа сезона одигра само 12 натпревари во Евролигата, на кои просечно постигнуваше по 6.8 поени, 2.2. асистенции и 1.4 скокови.

Неговиот тим е на 11-то место со 9 победи и 14 порази.