„Го гледав натпреварот три пати, бевме подобри од Баерн!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал пред неколку денови со вкупен резултат 10:2 беше елиминиран од Баерн во 1/8-финалето на ЛШ.

Тимот од Лондон по серија лоши резултати се наоѓа во лоша ситуација и многу навивачи бараат да замине Венгер.

Дополнително ја загреа ситуацијата убедливиот пораз од Баерн, но Венгер смета дека критиките се неоправдани.

„Ние игравме одлично против Баерн. Го гледав натпреварот три пати и судијата не уби.“

Атмосферата во Арсенал се попраив по победата против Линколн во ¼-финалето на ФА купот.

„Не сакав да си играм со оган затоа што знаев колку е важен натпреварот против Линколн. Сакав да играат тие што се добри и да им дадам шанса да си ја врата самодовербата по поразот од Баерн.“

Венгер има договор со Арсенал до крајот на сезоната.