Грандиозни планови во Милан – 150 милиони евра за наредното лето, вкупно 350 милиони, а мети се Мората и Иско!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кинезите ќе вложат многу пари во Милан.

Моќната кинеска инвеститорска група наскоро официјално ќе го купи Милан за 740 милиони евра, а ќе вложи во првите три години околу 350 милиони евра за засилувања. Веќе наредното лето се подготвува купување на две ѕвезди на Реал Мадрид.

Станува збор за Мората и Иско, а за наредното лето Милан ќе одвои 150 милиони евра.

Наводно Милан пресметаа дека оваа инвестиција ќе им се исплати не само во играчка смисла, туку дека и ќе имаат економски придобивки поради популарноста која би ја добил клубот со овој потег.

Алтернатива на овие играчи ќе бидат Агуеро и Санчез.

Сепак, во целата приказна Мората се одвојува како приоритет за Милан затоа што со доаѓање на овој фудбалер Милан би му покажал на Јувентус дека тие ќе нападнат жестоко.

Алваро не играше многу во Мадрид откако се врати од Јувентус и покрај некои голови кои ги постигнуваше.

Во секој случај, со такви средства, Милан би можел многу лесно да стане светска сила.