Дадоа се, за никаков кам бек: Ова е единствениот начин Јунајтед да се ослободи од Алексис Санчез…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез најверојатно следната сезона нема да биде член од Манчестер Јунајтед.

Како да се продаде Алексис Санчез?

Тоа е прашањето кое ја мачи управата на Манчестер Јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ има проблем со играчот кој е платен и премногу за услугите кои (не ги) нуди на теренот.

Според податоците кои ги има „Сан“, Солскјер не го сака следната сезона поради честите повреди и не така добрите игри, па како што се наведува смета дека неговата иднина лежи на друго место.

Проблемот секако е платата. Санчез има 25 милиони фунти годишно, доколку ги исполни сите бонуси, односно 391 илјади фунти неделно, како и 75 илјади фунти за секој меч на кој ќе се појави, покрај другите бонуси за погодоците и асистенциите, како и победите.

Кој тоа ќе го плати? Одговорот е лесен – никој!

Единствено решение е позајмица на Санчез до истекот на неговиот договор, со услов Манчестер Јунајтед да плати дел од неговата плата, а другиот дел да го исплати клубот за кој ќе настапува. Тоа е единствен начин Јунајтед да заштеди на неговиот договор на годишно ниво.

Но, уште едно прашање има, а тоа е дали некој ќе биде заинтересиран за ваквите услови?