Дали Дембеле е најдобар фудбалер во ПЛ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велат дека статистиката открива многу, но ништо не покажува.

Кога некој фудбалер на Тотенхем ќе го прашаат кој е најдобриот соиграч, тие велат дека е Дембеле.

Ова е голем комплимент за него, иако има големи имиња кои настапуваат за Тотенхем. Сепак, тоа за што може да се дискутира е прашањето дали Дембеле е најдобар играч за врска во ПЛ. Според статистиката е така, но дали навистина е подобар од Азар?

Дриблинзи

Многу новинари и експерти во последните 18 месеци често го фалеа Дембеле, но кога ќе ја погледнеме статистиката, ништо од тоа не беше незаслужно. Муса е пред било кој друг фудбалер во ПЛ кога станува збор за успешни дриблинзи.

Од овие играчи кои преку 50 пати пробаа да го преминат ривалот, Дембеле е најдобар и има дури 86% успешни дриблинзи.

Комплетирани додавања

Следната серија на статистички податоци која треба да биде некаков доказ за квалитетот на Белгиецот е проценет на комплетирани додавања.

Може да се види дека е на првата позиција и тоа со 91% успешни додавања.

Додавање на половината на ривалите

Тоа што на Дембеле навистина му ја покажува вредноста кога станува збор за влијанието на играта на редот за врска на Тотенхем е успешниот број на потези на половината на противникот.

Тој има дури 90% успешни додавања на половината на противникот.