Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во минатите десет години Марио Балотели ги менуваше клубовите, тренерите, но не и бројот на дресот.
Откако лошото дечко на светскиот фудбал на големата сцена се проби во дресот на Интер го паметите по бројот 45.
„Кога како млад играч настапував за Интер, можев да бирам броеви меѓу 36 и 50, а го зедов 45 бидејќи се зборуваше дека 4+5=9, па всушност ја носам деветката. Тој број ми донесе среќа на почетокот на кариерата и нема да го менувам“, зборуваше италијанскиот напаѓач.
Па така, кога од Интер замина во Манчестер Сити, го замолил соирачот Греб Цунингем да му го препушти бројот 45, додека истиот број го чекаше кога се врати во Милано во дресот на градскиот ривал.
Нормално, и во Ливерпул го чекаше неговиот број, а во ова лето потпиша за Ница, а таму го дочека шок.
Француската лига не дозволува земање на броеви над 40, па така Балотели беше приморан да земе некој друг број и без многу размислување – ја зеде деветката.