Дана Вајт потврди: Ќе има нова борба помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на УФЦ, Дана Вајт потврди дека нова борба помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор ќе се случи во текот на оваа година.

УФЦ за 2019 година подготви неколку спектакуларни борби, а секако најголемото внимание ќе го привлече дуелот меѓу Кабиб и Конор.

Првиот двобој меѓу овие двајца борци кој се одигра во октомври 2018 година привлече големо внимание, а до денес се зборува за незаборавната борба која му припадна на дагестанецот Нурмагомедов. По таа борба се случи и поголем инцидент, а казните за истиот ќе бидат познати по крајот на овој месец.

„Верувам дека многу повторно сакаат да видат борба. Меѓутоа мора да почекаме и да видиме што ќе се случи со казните, зошто се уште не се сослушани. Сепак, нова борба мора да се случи, а ќе знаеме кога ќе биде точно по суспензиите. Верувам дека тоа ќе е оваа година“ –истакна Дана Вајт.