Двајцата Дембеле би можеле да играат во ист напад? Би биле пеколен тандем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ги дели само една година, имаат исто презиме и играат за иста репрезентација. Но никогаш не играле заедно, иако ги поминаа сите селекции на Франција.

Тие се француското богатство и едни од најбараните лади фудбалери. Муса и Осман Дембеле! Не се роднини, а Муса е постар само еднаг одина.

Многумина сакаат да ги видат во тандем заедно во репрезентацијата, но медиумите пишуваат дека Борусија Дортмунд е заинтересирана за Муса кој ги брани боите на Селтик.

Дембеле игра одлично за Селтик и постигна 32 голови во сите натпреварувања. Избран е за најдобар играч во Шкотска и на сите ни е јасно за каков тип на играч станува збор.

Клубовите би сакале да го видат во свои редови, а Борусија е еден од нив. И тоа не е голема новост. Сега интересот за Муса е многу голем, а Дортмунд ќе се обиде да го донесе како замена за Обамејанг, кој најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.