Два за еден: Клоп без пардон ќе се откаже од двајца напаѓачи, по цена за еден од Бундеслигата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, Јирген Клоп е подготвен да се откаже од двајца напаѓачи за да собере пари за ангажман на еден.

Имено, Дивок Ориги и Даниел Стариџ би можеле да го напуштат клубот веќе во јануари, за Ливерпул да го подготви теренот за ангажман на напаѓачот на Лајпциг, Тим Вернер.

„Црвените“ веќе некое време го следат германскиот репрезентативец, испратија скаути изминатата недела за да ја следат неговата игра, но цената на Вернер очигледно претставува проблем за управата на Ливерпул.

Се проценува дека 22-годишниот напаѓач на Лајпциг вреди околу 100 милиони евра, па на „Енфилд“ се надеваат дека добар дел од таа сума би можеле да ја соберат со продажба на Ориги и Стариџ.

Тандемот не се наигра оваа сезона, Белгиецот запиша помалку од 180 минути, Стариџ собра околу 500, но само на двапати го започна мечот во стартната постава, па јасно е дека Клоп од неговите услуги лесно би се откажал.

Бешикташ е заинтересиран за Ориги, додека е јасно дека за Стариџ има интерес од повеќе екипи од Премиер лигата.

Сепак, кога ангажманот на Вернер е во прашање, проблем за управата на „Црвените“ не се само парите, туку и фактот дека за германскиот репрезентативец сериозно е заинтересиран и минхенски Баерн Минхен, кој следното лето планира голема реконструкција на играчкиот кадар.