Дебакл на парижаните – Монпелје ја запре победничката серија на ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монпелје на домашен терен славеа против ПСЖ со 3:0 во натпревар од шеснаесетото коло од француската Лига 1.

Домашните фудбалери до водство на натпреварот стигнаа три минути пред крајот на првото полувреме кога на асистенција на Муние погоди Ласне.

На почетокот на второто полувреме нов погодок во мрежата на парижаните. Шкири по втор пат ја затресе мрежата на гостите.

Десет минути пред крајот на натпреварот, Будебуз со својот погодок ги постави конечните 3:0.

ПСЖ во следното коло ќе игра на Паркот на Принцовите против Ница, а Монпелје му гостува на Лил.