Дени Илиев на клупата на Арсенал за натпреварот против Карабах


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот фудбалски интернационалец од редовите на Арсенал, Дени Илиев се најде во протоколот за натпреварот од последното коло од Лигата на Европа против Карабах.

Нашиот голман ќе биде на клупата за резервни фудбалери на првиот тим на Арсенал, втор пат во неговата кариера.

Инаку 23 годишниот голман е редовен на голот на вториот тим на Арсенал и константно има солидни партии со по неколку добри интервенции по натпревар.