Денот кога „гореше“ Маракана!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На денешен ден во 1991 година, Звезда на „Маракана“ го дочека тимот на Баерн во реванш натпреварот од ½-финалето во Купот на европските шампиони.

Една од најважните натпревари во клупската историја, Црвена Звезда го одигра на денешен ден во 1991 година против Баерн.

Во првиот натпревар Звезда победи со 2:1, со головите на Панчев и Биниќ

Реваншот беше дочекан со големи амбиции.

Се започна одлично за Звезда, водеше со голот на Михајловиќ, но упорните Германците не се предаваа и направија пресврт.

Сите чекаа продолженија, но следуваше центаршут на Михајловиќ, а потоа Аугенталер го лобуваше својот голман.

Потоа Звезда играше во финалето против Марсеј во Бари и таму стигна до победа на пенали.