„Десетката никој не може да ја чепне додека Меси не се изјасни“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси привремено ја ,,замрзна” репрезентативната кариера после завршувањето на Светското првенство во Русија каде Гаучосите во потполност разочараа уште во осмина финалето.

Аргентина овие денови одигра пријателски натпревари, а Меси го немаше меѓу играчите кои се одзваа на повикот на Лионел Скалони кој е привремено решение на оваа позиција откако Сампаоли се откажа.
Навивачите воочиле занимлив детал кој се однесува на бројот 10 кој веќе со години припаѓа на Меси.

Имено, никој од фудбалерите не го земал тој број иако Меси не пристигна, а тоа го образложи селекторот.

,,Сите играчи ги задржаа своите броеви од Светското првенство. Десетката и понатаму му припаѓа на Меси и никој не смее да ја земе додека тој не одлучи дали останува или не”- рече Скалони и додаде:

,,Одлучив да му го сочувам тој број и десетката никој нема да ја земе пред него. Тоа е моја одлука”.

Лионел Меси еднаш веќе се прости од репрезентацијата на Аргентина после неуспехот на Копа Америка, но потоа се врати.

Што ќе се случи овој пат останува да видиме, но се очекува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња сепак повторно да го видеме во иконскиот плаво- бел дрес.