Динг сигурен, О`Саливан го прифати подарокот од Лианг

Во Лондон започна еден од најважните снукер турнири. Мастерс кој се игра за награден фонд од 600.000 фунти со тоа што на победникот ќе му припаднат 200.000 фунти.

Вчера беа одиграни 2 натпревари, а вистинска драма беше видена во дуелот помеѓу Рони и Лианг. На крајот победи Рони со 6:5, но секоја чест за Лианг кој одлично се бореше во овој дуел.

Рони добро го отвори натпреварот, па имаше водство од 2:0 и 4:2 по фрејмови, но потоа Лианг го сврте натпреварот во своја корист и водеше со 5:4, но не успеа да победи на крајот.

Во вториот натпревар од 1/8-финалето играа Динг и Кајрен Вилсон, а победи Кинезот со 6:3.