Ди Франческо пред отказ: Познат е новиот тренер на Рома!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома утре ја пречекува Џенова во рамки на 16. коло од италијанската Серија А, па ќе се обидат да ја прекинат резултатската криза со која се соочуваат во последно време.

Голем број критики доби Еусебио Ди Франческо. Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот во наредните денови би можел да добие отказ, а даден му бил и ултиматум.

Доколку Рома не дојде до победа, тогаш јасно е дека Ди Франческо ќе добие отказ, а наводно е позната и неговата замена.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Рома е во преговори со поранешниот тренер на Фиорентина, Пол Соуза, кој е подготвен да седне на местото на Ди Франческо.

Соуза неодамна го напушти кинески Тијанџин и во моментов нема ангажман, а наводно им кажал на членовите на управата на италијанскиот клуб дека е подготвен да потпише договор до крајот на годината.