„Докторите ми рекоа дека сум чудо кое се вижи, имав 12 мозочни и шест срцеви удари“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната НБА-ѕвезда, Ламар Одом, ќе се врати на кошаркарските паркети и тоа во дресот на кинескиот тим Шензен леопардс.

Поранешниот шампион со Лос Анџелес Лејкерс зад себеси има тешка година, која за малку ќе го однела во смрт.

Дрогата и алкохолот од 2015. година го носеле на раб на смртта, но Одом успеал да се извлече и по три години се враќа на паркетот.

Меѓутоа, тоа што го преживеал нема никогаш да го заборави. Бил многу блиску до смртта, а тоа што го кажал во интервју со познатиот комедичар Кевин Харт е навистина неверојатно.

„Докторите ме прогласија за чудо кое се движи. Додека бев во кома имав 12 мозочни и шест срцеви удари и мило ми е што сум жив“, кажа Одом.

Одличниот кошаркар бил пронајден на 13. октомври 2015 во Лас Вегас без свест откако со денови конзумирал алкохол и на крај му откажале бубрезите.