„Донарума и Локатели ме оставаат без зборови“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Младите играчи во Милан играат квалитетен фудбал оваа сезона во Серија А.

По 18 одиграни кола, тие се на 5-та позиција со 33 бодови, а тоа е одлична бројка ако земем во предвид дека имаат 1 бод помалку од 4-то пласираниот Лацио, односно 2 од 3-то пласираниот Наполи.

Децата кои ги води Винченцо Монтела играат одлично.

За најдобрите играчи на Милан во моментов коментар даде Де Шиљо.

„Јас сум сеуште млад играч. Имам 24 години, но кога ќе ги видам како играат Донарума и Локатели, јас останувам без зборови.“