Дончиќ одигра феноменален меч за Далас, Голден Стејт го совлада Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс синоќа на гости стигна до важен триумф против Кливленд кавалирс со 111-98, а Лука Дончиќ беше ѕвезда на вечерта.

Далас успеа да стигне до шести триумф на гостински терен. Гостите од почетокот на натпреварот имаа предност, а во првата четвртина водеа со 40-31.

Во втората четвртина Кливленд успеа да ја намали нивната предност, па Далас на полувреме замина со водство од 58-55. Меѓутоа, во продолжение на мечот повторно го диктираа темпото и победија со 111-98.

Дончиќ одигра фантастичен натпревар  имаше 35 поени, 11 скокови и шест асистенции во мечот. Додека Кларксон кај Кливленд постигна 19 поени.

Во дербито на синоќешната програма Голден Стејт вориорс го совлада Лос Анџелес лејкерс со 115-101, а најдобар кај шампионот беше Томпсон со 28 поени, а 21 постигна Кевин Дурант.

Лејкерс и на овој натпревар не играа со Леброн Џејмс, кој има проблеми со повреда. Синоќа најефикасен кај нив беше Инграм со 20 поени, четири скока и три асистенции.