Евроспорт го ангажираше Бекер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прославениот германски тенисер не чекаше многу за нова работа.

По раскинот на договорот со Ѓоковиќ, Бекер ќе работи како стручен коментатор на Евроспорт.

Според телевизијата, Бекер во текот на јануари наредната година ќе ги анализира натпреварите на Австралија Опен и тоа на германски јазик.

„На љубителите на тенисот во Германија сакам да им го доближам врвот, а пред се шармот и атмосферата на Грен Слемот, кој 2 пати успеав да го освојам. И секако, особено ме интересира дали Анџелика Кербер, но секако и Ѓоковиќ ќе може да ги одбранат своите титули во Мелбурн.“

Отвореното првенство во Австралија се игра од 16-ти до 29-ти јануари.