Ентони Дејвис наскоро ќе му стане соиграч на Леброн Џејмс!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-ѕвездата, Ентони Дејвис летоска одби да го продолжи договорот со Њу Орлеанс пеликанс и јасно е дека ќе замине од екипата.

Дејвис тогаш кажа дека сака да замине во екипа која ќе се бори за шампионската титула, а јасно е дека Њу Орлеанс нема такви амбиции и капацитет.

„Дејвис сака да биде трејдуван во тим со кој ќе има можност еден ден да стане шампион и да игра на високо ниво од сезона во сезона“, кажа Пол.

Долго време се шпекулираше дека трејдот треба да се случи за неколку недели, а наводно Дејвис е најблиску до заминување во Лос Анџелес Лејкерс.

Сезонава Дејвис постигнува во просек по 29,3 поени и 13,3 скокови.